Image20 Сеп 2013

Адинг ja поддржа Велосипедската парада во Скопје, по повод Европската недела на мобилност

По повод одбележувањето на Европската недела на мобилноста, под мотото „Чистиот воздух е твоето движење“ во Скопје се одржа Велосипедско дефиле во кое земаа учество граѓаните на градот Скопје, учениците од сите средни училишта и останатите љубители на велосипедизмот и чистиот воздух.

Адинг, како општествено одговорна компанија, со особен придонес за зачувување на животната средина, зеде активно учество во Велосипедското дефиле и подари велосипеди на тројца среќни учесници од средните училишта.

Целта на оваа манифестација е да се пренесе пораката на граѓаните дека со својот избор за движење низ градските улици, можат да придонесат за подобрување на квалитетот на живеење и намалување на урбаното загадување на воздухот.

Во прилог фотографии од настанот: