Image13 Ное 2013

Меморандум за соработка на Адинг АД, Скопје со Технолошко – металуршки факултет – Скопје

На ден 07.11.2013 година во просториите на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје, беше потпишан Меморандум за соработка за стипендирање на дел од студентите од прва година, помеѓу Адинг и Технолошко – металуршкиот факултет.

Адинг како општествено одговорна компанија ја продолжува соработката со Факултетот, во насока на поддршка на студентите од техничките науки, идни инженери. Стипендиите беа врачени од Министерот за образование и наука г-дин Спиро Ристовски и Деканот на факултетот проф.д-р Александар Димитров.

Во оваа прилика, генералниот директор на Адинг г-дин Благоја Дончев имаше кратко обраќање, каде меѓудругото упати и јавна покана до сите присутни од наставно - научниот кадар и студентите, за учество со сопствени идеи во проектот АДИНГ НОВИ БИЗНИСИ – 2019. Накратко, проектот е наменет за сите оние поединци кои бараат поддршка за нивните нови бизнис идеи, а кои се различни од дејноста на компанијата и за кои ќе се оцени дека имаат потенцијал за понатамошен развој и заедничка соработка.