Image10 Окт 2017

Стручни презентации на инженерите на Адинг за време на 17-ти Симпозиум на ДГКМ

17ти Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2017) се одржa од 4 до 7 Октомври, 2017 во Охрид, Македонија. Симпозиумот се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на однесувањето на градежните конструкции при дејство на инцидентни влијанија и природни катастрофи, како: земјотреси, екстремно високи и ниски температури, пожари, ветер, експлозии, поплави, лавини, одрони, лизгање на тлото и сл.

Покрај главната тема беа застапени и други теми, како: Теориски и експериментални анализи на конструкции; Современи методи за проектирање на конструкции; Еврокодови и национални анекси; Современи техники за изведба на конструкции; Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој; Доверливост, робусност и трајност на конструкциите; Испитување, одржување, зајакнување и санација на конструкции; Инфраструктурни објекти, како и други теми поврзани со градежното конструкторство.

Нашите инженери беа застапени со две стручни презентации и тоа на тема:

- „Механичко однесување на зајакната ѕидарија со употреба на готов малтер за префугирање“ на инж. Дамчевски Бојан и
- „Анализа на влијанието на перформансите на бетонот и врзните средства на врската стар-нов бетон /експериментални испитувања и светско искуство/“ на инж. Узунов Никола