Image16 Ное 2018

Предавање на тема: "Изложеност на АБ конструкции во современите урбани средини и сообраќајната инфраструктура, европски норми и практики за заштита на бетонските конструкции"

На 15.11.2018 г. АДИНГ во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р. Македонија во просториите на Комората одржа стручно предавање на тема "Изложеност на АБ конструкции во современите урбани средини и сообраќајната инфраструктура, европски норми и практики за заштита на бетонските конструкции".

Во првиот дел од предавањето се говореше за основните причинители на оштетувањата кај АБ конструкции, класификацијата на оштетувањата низ актуелни примери каде конструкциите се изложени на атмосферски влијанија, физички влијанија, хемиска агресија и други причинители на оштетувања.

Во вториот дел беа презентирани најсовремените европски стандарди за заштита на конструкциите, се говореше за материјалите и системите за заштита на АБ конструкции и мерките за заштита и зголемување на трајноста на АБ конструкции во урбани средини и објекти од патната инфраструктура.

Посетители на предавањето беа градежни инженери и архитекти проектанти, изведувачи и надзори кои секојдневно се сретнуваат со исти или слични проблеми кои веќе беа посочени на предавањето. Една од целите на предавањето беше да им се олесни постапката на изнаоѓање адекватни решенија.

Стручното предавање го водеа и одржаа Даниел Цеков и Никола Узунов од секторот за Техничка Примена и Пласман од нашата компанија, инженери со повеќегодишно искуство во оваа проблематика.