Тиксотропно, двокомпонентно, епоксидно лепило со одлична лепливост. Се користи за остварување јаки врски при лепење материјали во градежништвото како: мермер, гранит, природен камен, елементи од бетон и армиран бетон и други материјали врз подлоги од бетон, метал, алуминиум и др. Може да се користи за санација кај мали сегрегирани места кај бетонски површини, за глетување и шпаклување на бетонски и цементно-малтерски површини. Може да се користи за вертикални и хоризонтални површини.