Нисковискозна, двокомпонентна, епоксидна смола. Се користи како претпремаз за влажни цементни и бетонски подлоги при нанесување на сите епоксидни системи. Може да се користи како материјал за залевање на пукнатини кај бетонските елементи. АДИНГПОКС 1ПВ се применува како дел од систем за обработка на пешачки патеки на мостови во комбинација со завршни премази на база на метакрилатна смола АДИНГМАРКЕР-П.