Додаток за бетон и малтер наменет за спречување на капиларната апсорпција и формирање на водонепропустливи површини. Кај бетонските префабрикувани елементи со обоени површини, покрај водонепропустливоста, ХИДРОФОБ-21 го спречува површинското одвојување на бетонот. ХИДРОФОБ-21 претставува и универзално средство за формирање на транспарентна водонепропустлива импрегнација на порозните површини од бетон, тула, природен камен и др.