Сертификати за квалитетот на производите
Согласно Анекс III од Регулативата (ЕУ) Бр. 305/2011 поголем дел од производите на производната програма на АДИНГ АД Скопје поседуваат ЕЦ Сертификати за контрола на фабричкото производство, а со тоа и право на сертифицираните производи да се постави ознаката
Со овие Сертификати се потврдува дека со контрола на фабричкото производство сертифицираните производи се во сообразност со барањата од следните европски норми:
МКС ЕN 934-2:2009+А1:2012 Адитиви за бетон, малтер и инјекциска смеса
- Дел 2: Адитиви за бетон-Дефиниции, барања, сообразност, обележување и етикетирање
МКС ЕN 934-3:2009+А1:2012 Адитиви за бетон, малтер и инјекциска смеса
- Дел 3: Адитиви за ѕидарски малтер-Дефиниции, барања, сообразност, обележување и етикетирање
МКС EN 934-4:2009 Адитиви за бетон, малтер и инекциона смеса
- Дел 4: Адитиви за инекциона смеса за преднапрегнати кабли - Дефиниции, барања, сообразност, обележување и означување
МКС ЕN 934-5:2007 Адитиви за бетон, малтер и инјекциска смеса
- Дел 5: Адитиви за прскан бетон-Дефиниции, барања, сообразност, обележување и етикетирање
МКС EN 1504-2:2004 Производи и системи за заштита и репарација на бетонски конструкции
- Дел 2: Системи за површинска заштита на бетон - Дефиниции, барања, контрола на квалитет и оцена на сообразност
МКС ЕN 1504-3:2005 Производи и системи за заштита и репарација на бетонски конструкции
- Дел 3: Констриктивни и неконструктивни репарации- Дефиниции, барања, контрола на квалитет и оцена на сообразност
МКС ЕN 1504-4:2004 Производи и системи за заштита и поправка на бетонски конструкции
- Дел 4: Конструктивно поврзување - Дефиниции, барања, контрола на квалитет и оцена на сообразност
МКС EN 1504-6:2007 Производи и системи за заштита и поправка на бетонски објекти
- Дел 6: Челични арматурни шипки и анкери (идентичен со EN 1504-6:2006) - Дефиниции, барања, контрола на квалитет и ниво на усогласеност
МКС EN 1504-7:2007 Производи и системи за заштита и поправка на бетонски објекти
- Дел 7: Заштита на арматура од корозија - Дефиниции, барања, контрола на квалитет и ниво на усогласеност
ознаката овозможува непречен пласман на производите на единствениот пазар на земјите членки на ЕФТА и на Европската Унија.