28 Мар 2025
                    АДИНГ НА MEЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО КИЕВ, УКРАИНА (InterBuildExpo)
Во периодот од 19 до 21 март се одржа InterBuildExpo - Меѓународен саем за градежништво во Киев, Украина. InterBuildExpo е градежен настан, кој годишно обединува повеќе од 1.000 брендови и 30.000 посетители и претставува еден од позначајните и поголеми саеми од областа на градежништвото за регионот на Југоисточна Европа.
Првото учество на Адинг на овој саемот беше организирано во координација со нашите продажни соработници од Украина Лтд "Битум-Харкив".
Во склоп на нашиот штанд беше претставена нашата производна програма, а инженерскиот тим со своите совети и искуства беше на располагање за консултации со посетителите. За посетителите беа изработени информативни и стручни печатени материјали на украински јазик и беше промовирана новата јазична верзија на веб страницата на украински јазик.
 




                                MK 
                           
                            
                                            EN
                                            SHQ
                                            BG
                                            RS
                                            УКР