Image21 Окт 2009

40 Години АДИНГ

АДИНГ оваа година слави 40-години постоење. Официјалната прослава се случи на 14.10.2009 во хотел Белви, Охрид, во рамките на 13-тиот Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори наМакедонија (ДГКМ).

Прославата беше заедно со Градежниот факултет од Скопје кој одбележа 60 години од своето постоење. Чест ни беше да бидеме домаќини на голем број гости – претставници од реномираникомпании и институции од Македонија, како и значајни партнери и соработници од познати компании од Југоисточна Европа и Азија.
На гостите им се обратија:
- претседателот на ДГКМ - г-дин Томе Тромбев
- Деканот на Градежен факултет - проф.д-р Петар Цветановски
- генералниот директор и претседател на Управниот одбор на “Адинг“ - г-дин Благоја Дончев