Image24 Окт 2024

АДИНГ НА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈA „ПОДЕКС - ПОВЕКС 2024"

Здружение на рударски и геолошки инженери на Република Македонија, традиционално го организираше XV-то Стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, одржано од 17 - 19 Oктомври во г.Струга. На настанот присуствуваа голем број на гости од државата и странство, презентери од областа на рударството и геологијата, научни истражувачи и инженери.

АДИНГ е долгогодишен поддржувач на овој настан, а компанијата беше претставена од Иванка Ќупев главен водечки менаџер во Примена и Продажба и Тофиловски Благоја менаџер за продажба и дел од тимот на Бизнис Центар Адинг.