АДИНГ НА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЦРНА ГОРА “ГРАДЕЖНИШТВО - НАУКА И ПРАКСА” 2024
IX меѓународна конференција “ГРАДЕЖНИШТВО - НАУКА И ПРАКСА” ГНП 2024 се одржa од 05 - 09.03.2024 година во Колашин, Црна Гора, во организација на Градежниот факултет, Комората на градежни инженери и Инженерската комора на Црна Гора.
Конференцијата симболично ја одбележува 45 годишнината од разорниот земјотрес во Црна Гора, со тоа што главна тема е “Сеизмички отпорни конструкции“. На конференцијата присуствуваа околу 350 учесници каде преку предавања и презентации беа разменети идеи, искуства и најнови достигнувања во градежништвото.
Адинг како долгогодишен поддржувач на конференцијата, годинава одржа презентација каде беа претставени искуствата од примена на материјали на реализирани проекти во Црна Гора и регионот.