АДИНГ на „СФЕРА 2024: Технологија на бетон“
XIV меѓународна конференција „СФЕРА 2024: Технологија на бетон“ се одржа на 21 и 22 февруари во хотел Хилс, Сараево, во организација на Сфера и регионалното стручно списание м-Квадрат. Коорганизатори на конференцијата беа Градежниот, Архитектонскиот и Геодезискиот факултет – Универзитет Мостар, Универзитетот Загреб, Градежен факултет Сараево, ГИТ Институт Тузла, ИГХ Институт Загреб, Архитектонско - Градежен факултет - Бања Лука, Меѓународниот универзитет Бурч, Технички факултет - Универзитет Бихаќ.
Адинг беше пријател и поддржувач на конференцијата и заедно со соработниците Е Пласт од БиХ ги презентиравме нашите производи и нивната примена, како и трендовите и новитетите. Целта на организаторите беше да ја спојат професијата и науката на едно место и да овозможи воспоставување на соработка и можност за размена на искуства и знаења. Во текот на два дена се одржаа вкупно 17 тематски предавања на кои експерти зборуваа за конкретни технологии.
На конференцијата беа презентирани прописите и стандардите на технологијата за бетон, искуства во процесот на градење, научно-технолошки достигнувања во производството и примената на материјали за изработка на бетон, можностите за подобрување и услови за примена. Целта на дискусијата беше размена на знаење и искуство од разни области од инженерството и отворање на можноста за воспоставување меѓународна соработка.