Image2 Јул 2024

АДИНГМАРКЕР П, боја за обележување на патишта и паркиралишта

АДИНГМАРКЕР П е боја за обележување на патишта, паркиралишта и патна сигнализација. Може да нанесува на асфалтна и бетонска подлога, на хоризонтални и вертикални површини. За обезбедување на рефлектирачка површина, врз АДИНГМАРКЕР П може да се нанесе посип од стаклени перли. Во комбинација со епоксидните прајмери Адингпокс 1П или Адингпокс 1ПВ и посип од кварцно Полнило С/Х 0,3-0,8mm гради систем за обработка и заштита на пешачки патеки покрај патната инфраструктура.

КАРАКТЕРИСТИКИ

-       добра атхезија за подлогата;

-       обезбедува рефлектирачка површина со употреба на стаклени перли;

-       добра покривност и отпорност на абразија;

-       отпорен на разередени киселини, бази, раствори на соли и минерални масла;

-       отпорен на атмосферски влијанија и UV стабилен;

-       едноставно и брзо вградување;

-       брзо сушење и употреба;

-       лесна корекција и обнова на премазот.

ВГРАДУВАЊЕ

Вградувањето е машиски со airless пумпа или рачно со четка или ваљак на чиста, здрава и сува подлога. Материјалот се разредува со 3-5% РАСТВОРУВАЧ П или со друг растворувач на нитро база, по што смесата се меша до потполно воедначување.

МАШИНСКО НАНЕСУВАЊЕ

- потрошувачка за еден слој 0,5kg/m²

- сув на допир по 15min, на 20⁰C

- целосно сув по 20 - 25min, на 20⁰С

- употреба по 2-3h, на 20⁰С

РАЧНО НАНЕСУВАЊЕ 

- потрошувачка за два слоја 0,5 - 0,6kg/m²

- сув на допир по 15min, на 20⁰C

- целосно сув по 20 - 25min, на 20⁰С

- употреба по 2 - 3h, на 20⁰С

Вториот и третиот слој се нанесуваат со 3% разредување на АДИНГМАРКЕР П.

ПАКУВАЊЕ

АДИНГМАРКЕР П во лимени канти од 5kg и 30kg.

РАСТВОРУВАЧ П во лимени канти од 0.9kg и 4kg.

*Линк до верзија за печатење на брошурата