Image16 Мар 2012

Адинг на Симпозиумот на Жабљак, Црна Гора

Како и секоја година, така и оваа, Адинг беше дел од Симпозиумот на Жабљак, Црна Гора. Беа презентирани научните и стручните достигнувања од областа на градежништвото на повеќе теми, како што се санација на постоечки објекти, асеизмичко проектирање, специјални проблеми кои се јавуваат при проектирањето и изведбата, мониторинг и контрола, хидротехника итн.

Адинг АД како еден од спонзорите на симпозиумот учествуваше со свој изложбен простор во делот од симпозиумот кој беше наменет за претставување на фирмите поддржувачи.