Image28 Мар 2011

Адинг презентација во Охрид

На 25.03.2011 во Охрид се одржа последната презентација на АДИНГ и Бизнис Центар АДИНГ од серијата заеднички презентации, предвидени за месец март низ Р.Македонија.

Како и претходно, на презентацијата на кратко беше претставена компанијата и целата производна програма: адитиви за бетони и малтери, репарација на бетони, хидроизолации, индустриски и спортски подови, градежни лепила, декоративни премази и малтери итн.

Бизнис Центар АДИНГ, се претстави со дел од својата продажна палета и неколкуте ексклузивни брендови кои ги застапува на пазарот во Р.Македонија и пошироко.

Инженерите од секторот Техничка примена и пласман со Институт и понатаму стојат на располагање за сите ваши прашања и барања.