Image2 Апр 2024

Адингстатик системи

Во современата индустрија честопати се користат гасни, течни и прашкасти суровини кои под одредени услови можат да предизвикаат експлозија. Самиот технолошки процес во погоните (дозирање, мешање, мелење, сушење и пакување на финалниот производ) може да доведе до појава и генерирање на електростатски полнежи, кои се покажани како честа причина за палење на експлозивна атмосфера, а се наведени во македонскиот стандард МКС EN 1127-1- Основни начела и меодологија.

Акумулирањето на големи количини на електростатски полнежи во технолошко производните процеси, а особено  во погоните каде што се појавуваат експлозивни смеси, може да претставува голема опасност заради можнооста за создавање на високи елекстростатски напони, а како последица на тоа да се појави неконтролирано празнење со иксра.

Како последица на оваа појава  во погоните загрозени од пожари и експлозија може да се јават катастрофални последици. Заради тоа, задолжително се користат одредени методи со кои се спречува акумлирањето на големи количини на електростатски полнежи, а една од применетите методи е употребата на спроводливи подови. За да еден под биде спроводлив, потребно е истиот да биде изведен од материјали преку кои преодниот отпор на земјата ќе биде помал од 10⁶Ω.

Задачата на спроводливиот под е да го спречи неконтролираното празнење, т.е. изедначувањето на потенцијалот на електростатските полнежи со искра, во која има акумулирана енергија која е доволна да предизвика пожар или експлозија во погонот каде се обавува технолошкиот процес.

Подовите се поделени во неколку категории во зависност од нивото на отпор (мерено во оми (Ω)) :

1.Изолатори - го спречуваат или ограничуваат протокот на полнежот. Изолаторите имаат висока електростатска резистентност и тешко се заземјуваат. Статичкиот електрицитет не се движи, односно останува во овие материјали доста долго време. Резистентност поголема од 10¹³ Ω/m² .

2.Дисипативни - полнежот се движи накај земјата бавно и во контролиран опсег. Дисипативните материјали имаат резистентност на површината 10⁶ Ω/m² до10⁹Ω/m² и го спречуваат празнењето до и од човечки контакт.

3.Кондуктивни (спроводливи) - со ниска електростатска резистентност. Статичкиот електрицитет се движи лесно низ површината или низ самиот материјал. Полнежот се празни во земјата или во друг кондуктивен материјал со кој производот е во контакт или е во непосредна близина. Резистентноста е помала од 10⁶ Ω/m².

Адинг има разработено посебна технолошка постапка за изработка на спроводливи подови кои се електротатски кондуктивни и хемиски отпорни, со вредност на отпор < 10⁶Ω и се сместени во Класа I со широк опсег на употреба.

Антистатскиот под се изведува во слоеви од неколку типови на материјали кои се или кондуктивни или дисипативни, а чија улога е прифаќање и безбедно спроведување на статичкиот електрицитет преку постоечкото заземјување, надвор од објектот. 

Во зависност од функцијата на просторијата и очекуваните механички оптоварувања на подовите, Адинг нуди антистатски епоксидни подови поделени во два системи:

Систем со завршна обработка со епоксиден премаз и саморазливен епоксиден систем.

АДИНГСТАТИК СИСТЕМ 1 претставува систем за составен од три производи:

- АДИНГПОКС 1П или АДИНГПОСК 1ПВ – двокомпонентен епоксиден прајмер

- АДИНГСТАТИК СП - двокомпонентен електроспроводлив премаз на епоксидно-водена основа. Се користи како предпремаз на системите Адингстатик 1 и Адингстатик 2

- АДИНГСТАТИК 1 - двокомпонентен епоксиден премаз електростатски спроводлив со вредност на отпор <10⁶Ω.

Подлогата врз која се нанесува АДИНГСТАТИК СП треба да биде прајмерирана со Адингпокс 1П или Адингпокс 1ПВ (кај подлогите од епоксид нема потреба од прајмерирање).

По врзување на прајмерот, се поставуваат (лепат) бакарни ленти во форма на рамка по краевите на полето и напречно по должина во неколку правци, а краевите на бакарните ленти се спојуваат со заземјувањето на објектот.

Бакарните ленти имаат важна улога во процесот на спроведување на статичкиот електрицитет до постоечкото заземјување со тоа што дополнително го прават системот кодуктивен.

АДИНГСТАТИК СП се нанесува со крзнен ваљак.

Потрошувачка: Адингстатик СП (А+Б): 0.10-0.12 kg/m²

АДИНГСТАТИК 1 се нанесува на подлоги каде што претходно е нанесен црниот спроводлив прајмер Адингстатик СП.

Нанесувањето на АДИНГСТАТИК 1 се врши рачно со крзнен валјак.

АДИНГСТАТИК СИСТЕМ 1 е погоден за нанесување по вертикала.

Потрошувачка: АДИНГСТАТИК 1 (А+Б компонента) за еден слој: 0,2-0,3 kg/m² / за два слоја: 0,4-0,5 kg/m²

АДИНГСТАТИК СИСТЕМ 2 претставува систем за антистатски епоксиден под составен од три производи:

- АДИНГПОКС 1П или АДИНГПОСК 1ПВ – двокомпонентен епоксиден прајмер

- АДИНГСТАТИК СП - двокомпонентен електроспроводлив премаз на епоксидно-водена основа. Се користи како предпремаз на системите Адингстатик 1 и Адингстатик 2

- АДИНГСТАТИК 2 - саморазлевен двокомпонентен електростатски спроводлив епоксиден систем со вредност на отпор  <10⁶Ω.

АДИНГСТАТИК 2 се нанесува на подлоги каде што претходно е нанесен црниот спроводлив прајмер Адингпокс 1П или Адингпокс 1ПВ, бакарни ленти и Адингстатик СП.

Нанесувањето се врши рачно со назабена глетарка. Нанесениот материјал по потреба се обработува со бодликав валјак, (поради природата на материјалот се препорачува валјак со метални игличести врвови) со цел да се ослободи заробениот воздух во материјалот.

Потрошувачка: АДИНГСТАТИК 2 (А+Б компонента): 1.80 - 2.00 kg/m².

Антистатските подови бараат редовно чистење и одржување за да се обезбеди нивната ефикасност. Тие треба да се чистат со помош на неабразивни средства за чистење и да се третираат со антистатички завршетоци на подот.

Антистатските подови помагаат да се спречат несреќи предизвикани од статички електрицитет, кој може да запали запаливи материјали или да ја оштети чувствителната електронска опрема. Тие исто така обезбедуваат безбедна работна средина за вработените.

АДИНГСТАТИК 1 е сертифициран според EN 1504-2 метода 5.1(С) физичка отпорност.

АДИНГСТАТИК 2 е сертифициран според EN 13813 SR систем 4.

Нанесувањето на АДИНГСТАТИК 1 или АДИНГСТАТИК 2 ја заокружува функцијата на проводниот под за одведување на електростатските полнежи со спречување на настанување и на механичка искра, кое е многу важно за простории загрозени од експлозивна атмосфера, а регулирано со посебни правилници. Исто така, завршниот премаз / саморазливен слој ги пополнува сите евентуални нерамнини на основниот проводен под и е лесен за чистење и ја овозможува неговата примена доколку во системот каде што е истиот вграден е третиран како “чисти простории”.

Мерењата се извршени од институции акредитирани за ваков тип на мерења и производите се сертифициран од страна на надворешно сертификационо тело.

ДЕТАЛ НА ИЗВЕДБА

*Линк до принт верзијата на брошурата