Image3 Мар 2015

Ве очекуваме на Саем на градежништво 03-07.03.2015, Хала 1

Почнувајќи од денес 03.03.2015 па се до сабота – 07.03.2015 година, групацијата Адинг ќе биде присутна на Саемот на градежништво во Скопје во Хала 1.

Нашите инженери ви се на располагање за консултации и совети за примена на Адинговите материјали. Работното време на саемот е од 10 до 19 часот.

Во петок, во период од 15.30 до 19 часот ве покануваме на „After Work“ забава на нашиот штанд со многу дружење и изненадувања.