Image30 Апр 2015

Годишно собрание на Македонско- Бугарска стопанска комора

Македонско - Бугарската стопанска комора на 29 април 2015 година, го одржа своето годишно Собрание на кое беше усвоен нов годишен акциски план со поддршка за приоритетните активности и проектите за заеднички инфрастуктурни поврзувања преку вклучување на заеднички компании во нивната изградба.

Со Собранието кое го отвори Зоре Темелковски претседател на МБСК, претседаваше нашиот генерален директор и претседател на УО, г-дин Благоја Дончев, кој е и член на УО на оваа бизнис асоцијација.
 
На настанот присустуваше и минстерот за економија Беким Незири кој истакна дека вкупната трговска размена меѓу двете земји за минатата година изнесува 710 милиони долари што претставува раст од 2,7 отсто во споредба со годината претходно и дека Бугарија е 9-ти трговски партнер во надворешно-трговската размена.
 
Покрај споменатите, на собранието се обратија и Амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Н.Е. Иван Петков, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и потпретседателот на Бизнис алијансата на Косово, Суад Бериша
 
Во склоп на настанот беа доделени и годишни признанија за особен развој и придонес во коморското функционирање на ген. директор и претседател на УО на Адинг - г-дин Благоја Дончев како и на Цветан Симеонов - претседател на Бугарско Трговската Промишлена Палата.