
Завршен годишен состанок на групацијата Адинг
На 12.12.2014 година, беше одржан Завршниот годишен состанок за 2014 кој годинава беше организиран во Врњачка Бања, Р.Србија.
Присутни беа членовите на Управниот и Надзорниот одбор, секторските директори, раководителите на служби, како и управителите на ќерките фирми од Р.Македонија, Р.Србија и Р.Бугарија. На состанокот беше разгледано работењето на целиот деловен систем АДИНГ за 2014-та година и беа презентирани плановите за работа за 2015-та година.