Image3 Фев 2009

ИНВЕСТИЦИИ

На 24.10.2007 год. АДИНГ АД Скопје го зголеми основниот капитал на сопствената фирма АДИНГ Бугарија ЕООД со седиште во Перник, Р. Бугарија.
Капиталот е зголемен од претходните 5.000 лева на 305.000 лева.
Фирмата во која АДИНГ АД Скопје е единствен содружник до сега не беше активна.
Со зголемувањето на капиталот, поврзаното друштво-ќерка откупи земјиште со градежен објект во индустриската зона на Перник (град во непосредна близина на Софија) каде што е во тек дооформување на производствен погон.

Планирано е фирмата да започне активно да работи од почетокот на 2008 година.