Image9 Фев 2009

Награди

Адинг АД, традиционално по 7–ми пат на Градежниот и Архитектонскиот факултет, доделува награди за најдобро изработена дипломска работа – блиска на дејноста на компанијата. Оваа година наградите беа доделени на следниве студенти:

Александар Дугалиќ дипл.град.инж.

Мери Батакоја дипл.инж.арх.

Адинг АД, оваа година додели награда и за најдобар постигнат успех на студиите по градежништво на студентот Цветковска Јулијана дипл.град.инж.

Исто така Адинг АД, е член на фондацијата за стипендирање на студентите по градежништво и геодезија и секоја година доделува по три стипендии.