Најдобро решение за зимско бетонирање и до -20°C
Во случаите кога амбиенталната температура се спушта пониско од 5°C, вообичаените методи за бетонирање не можат повеќе да се применуваат. Ниската температура го спречува нормалниот процес на хидратација на цементот, што како последица го спречува зацврстувањето на бетонот. Дополнително, при мрзнењето водата го зголемува волуменот предизвикувајќи пукнатини во структурата на бетонот.
Од тие причини, во случаите кога температурата е пониска од 5°C, неопходно е да се применуваат специјални методи за зимско бетонирање кои вклучуваат:
- Греење на една или повеќе компоненти на бетонот (водата, агрегатот и цементот)
- Поставување на површинска термоизолација на оплатата на бетонот
- Користење на адитиви за зимско бетонирање
Во својата производствена програма АДИНГ нуди повеќе докажани адитиви за бетонирање во услови на температури до -20°C:
ХИДРОЗИМ-Т - Адитив наменет за бетонирање во зимски услови. Ја регулира хидратацијата на цементот при ниски температури и го спречува замрзнувањето на водата во бетонската мешавина, елиминирајќи ја опасноста од деградирање на бетонот.
ХИДРОЗИМ ФЛУИД – Комплексен адитив наменет за зимско бетонирање со дополнително дејство како пластификатор. Како и ХИДРОЗИМ-Т, наменет е за бетонирање во зимски услови, при што овозможува дополнително зголемување на јакосните карактеристики и олеснето вградување на бетонот.
Адитивите се дозираат во свежата бетонска мешавина, а дозажата зависи од амбиенталната температура, температурата на свежиот бетон и димензиите на пресекот што се бетонира. При амбиентална температура од +5°C до -10°C препорачуваме користење на адитив ХИДРОЗИМ-Т или ХИДРОЗИМ ФЛУИД во количина од 0,5 до 1,0% од масата на цементот во бетонската мешавина.За стандарден бетон МБ30 пумпан тоа значи дозирање од 2,0 до 3,5 kg/m3. Кога бетонот се произведува во мала бетонска мешалка (фундерка) вообичаено бетонирањето се одвива побавно и потребно е да се примени повисока доза на адитив (3,0-4,0 kg/m3). Тоа значи дека за една вреќа цемент од 50 кг, потребната количина на адитив изнесува од 0,3 до 0,5 kg (0,25 до 0,4 литри) .
Напомена: Специфичната тежина на Хидрозим-Т и Хидрозим Флуид изнесува околу 1,30 kg/dm3 (1 литар Хидрозим-Т или Хидрозим Флуид тежи приближно 1,30 kg). Соодветно, доколку одмерувањето на адитивот се врши во литри, треба да се внимава дека 1 kg адитив е соодветен на 0,75 литри.
Доколку за подготовка на бетонот се користи ХИДРОЗИМ ФЛУИД, при наведената доза треба да се изврши намалување (редукција) на водата во свежата бетонска мешавина за околу 10% (додека не се добие саканата конзистенција за вградување на бетонот).
При бетонирање на температури помеѓу -10°C и -20°C, потребно е да се користи повисока доза на адитив ХИДРОЗИМ-Т или ХИДРОЗИМ ФЛУИД од 1,0 до 2,0% од масата на цементот во бетонската мешавина.
Дополнителни препораки: Температурата на свежата бетонска мешавина во моментот на вградување мора да биде повисока од +5°C (за пресеци потенки од 10 cm повисока од +10°C) и вградувањето на бетонот да се одвива колку што е можно побргу (да се намали губењето на топлина во текот на производството, транспортот и вградувањето на бетонот). Површината на свежиот бетон мора термички да се изолира (да се користат дрвени или пластични оплати, како и да се изврши покривање на свежиот бетон и обложување на оплатата со најлони, минерална волна, експандиран полистирен, геотекстил итн.).
Во зависност од бараната класа и јакост на бетонот, при бетонирање во зимски услови од особена важност е да се запазат предвидените односи на цемент и фракции на агрегатот, како и предвидениот однос на вода и цемент (W/C-фактор).