Image22 Окт 2012

Поддршка за магазинот Лице В Лице

На 16.10.2012 АДИНГ ја даде својата поддршка на списанието Лице в Лице. По претходна координација со Издавачот - Центар за медиумски активности, организирана група од улични продавачи на списанието, ја посетија управната зграда на компанијата. Накратко се претставија себе си, го претставија списанието и остварија успешна продажба.

Истата акција беше организирана и на 17.10.2012, но овој пат домаќин на Лице в Лице беше нашата фирма ќерка Биро Проект.

Самото списание е фокусирано на општествено одговорни теми како заштита на животната средина, демаргинализација на групи и поединци, како и прашања поврзани со културниот развој. Продавачите се припадници на загрозените и маргинализирани групи, а 50% од продажбата е заработка за самиот продавач.
АДИНГ продолжува со своите активности како општествено одговорна компанија, што претставува важен сегмент од нашето работење.

За моментите со нашите гости: