Презентации за партнери од малопродажбата и нивни соработници
Наши тимови составени од експерти од секторите Техничка примена, Комерција и Маркетинг, успешно организираа серија презентации во соработка со малопродажните соработници на Адинг.
Присутните имаа можност да се запознаат со производите на Адинг за завршна обработка (фасадни системи, лепила за керамика, хидроизолации) и со новите, актуелни производи. На презентациите имавме убава атмосфера за работа и одличен пречек од продажните партнери и нивните соработници, кои беа расположени за дискусија и тестирање на производите.
Голема благодарност до продажните соработници, како и на сите мајстори и изведувачи кои одвоија време да дојдат, да се дружат со нас и заеднички да споделиме стручни искуства.
Дел од атмосферата на презентациите низ фотографии.
* Презентација, Кочани 11.04.2024, продажен партнер ‚‚Градежен центар Кузе 2000''.
1
* Презентација, Велес 05.04.2024, продажен партнер ‚‚Пролет Комерц''.
1
* Презентација, Битола 14.04.2024, продажен партнер ‚‚Мел Проект Инженеринг''.
4
* Презентација, Скопје 13.03.2024, продажен партнер ‚‚Самикс''.
1
* Презентација, Струга 23.02.2024, продажен партнер ‚‚Набизи''.