ЗАШТИТНИ ПРЕМАЗИ ЗА ТУНЕЛИ (преку пример од р.Црна Гора)
Армираниот бетон како градежен материјал овозможува висока трајност на објектите поради својството на бетонот во текот на времето ги подобрува своите јакосни карактеристики и да ја штити арматурата од корозија. Сепак, поради пропусти при проектирањето и изведбата, како и поради дејство на агресивните надворешни влијанија во текот на експлоатација, можно е да настанат оштетувања и деградација на конструкциите. Поради тоа е потребно превземање на дополнителни мерки за заштита на конструкциите. Климатските промени, индустрискиот развој и ширењето на урбаните средини придонесуваат за зголемување на агресивноста на средината – загадување на атмосферата со CO2, сулфати, хлориди итн. Изложеноста на високи концентрации на CO2, поради зголемениот сообраќај во градските средини и патната инфраструктура (тунели, мостови) доведува до процес на карбонизација.
Дел од нашите стандардни решенија за Заштитни премази се употребени на Автопатот “Бар-Болјаре” во Црна Гора и овде ќе ни послужат како пример за подетално да се објасни нивната примена на терен.
(Подгорица) Смоковац – Биоче – Пелев Бријег –Лијева Ријека – Веруша – Матешево – оваа делница која е на средина на автопатот, е земена како приоритетна поради нејзиното значење како врска помеѓу Подгорица и северниот дел на Црна Гора. Постоечкиот пат (Е65 и Е80) кој поминува низ кањонот Морача е планински пат со многу кривини се смета за опасен во текот на зимскиот период и воедно е тесно грло во патната мрежа на Црна Гора. Секција на автопатот која ќе биде со должина од 41 km. Сите 16 тунели на секцијата од Смоковац до Матешево се изведени според “Нова Австриска Метода” NATM со по две тунелски цевки наменети за возење во двете насоки.
Бетонската облога на тунелите е директно изложена на механички и хемиски агресии и поради тоа се врши заштита со апликација на систем на материјали за површинска заштита. Целата постапка е изведена во согласност со европскиот стандард EN 1504-2 Производи и системи за заштита и репарација на бетонски конструкции – Дел 2 : Материјали за површинска заштита.
Системот за заштита на тунелската облога предвидува:
- Еден премаз од хидрофобен прајмер ФАСИЛ В на висина на 4 m на ѕидовите.
- Два премази од епоксиден премаз АДИНГПОКС АКВА 1Б на висина на 4 m на ѕидовите.
- На порталите на влез/излез од тунелот потребно е апликација на трет премаз од АДИНГПОКС АКВА 1Б на целата површина 30 m од влезот/излезот.
Изведбата на заштитниот слој се врши на две секции од автопатот на вкупно 10 тунели со вкупна површина од околу 160.000 м2.
Подготовка на подлогата: Перење со вода под притисок до 250 bar.
Прајмерирање на подлогата
Фасил В – хидрофобна импрегнација на база на силан.
Аплицирана е по машински пат со безвоздушна (airless) пумпа со 5 распрскувачи со потрошувачка од 0.25 kg/m2.
Заштитен премаз: Адингпокс Аква 1Б – епоксиден премаз на водена база.
Апликацијата е по машински пат со безвоздушна (airless) пумпа (во случајот е користена: GRACO DUTY MAX 300)
Потрошувачка 0.5 kg/m2 за два премази)
Следен чекор е контрола на дебелина на свеж слој.
Потоа се врши испитување на јакост на адхезија на премазот со Pull-Off метода.
*(Во конкретниот пример добиени се резултати од околу 4.5 МPa и лом во бетонот)
И на крај е испитувањето на адхезија со Cross-cut метода.
Правилна и квалитетна заштита на АБ конструкцијата кај објектите од патната инфраструктура, овозможува подолг период на експлоатација на ваквиот тип на објект и нивна поголема економска исплатливост.
Изработил: Иванчо Симоновски дипл.инж.град.